Струга го комплетираше дуото на линијата – Дарио Симоноски се враќа дома!

Тимот на Струга го ангажираше првото летно засилување за претстојната сезона, а станува збор за кружниот напаѓач Дарио Симоноски. Тој по неколку години играње во скопските Работнички и Јуниор Кисела Вода, како и во составот на Охрид, се враќа на домашно тло.

Симоноски заедно со староседелецот Александар Тренчевски ќе формираат дуо на пивотменската позиција во тимот на Струга. Стружани се уште се тивки на трансфер пазарот, но ќе мора да се активираат доколку сакаат да играат значајна улога во Суперлигата.

Од ланската сезона си заминаа двајцата најдобри ракометари – десното крило Ненад Костески потпиша за Загреб, а десниот бек Гиорги Дикаминџија се пресели во исландскиот Копавогур.