Страхиња Милиќ за 24 Ракомет ТВ: Годинава сум во пензија, а во Скопје секогаш би се вратил (ВИДЕО)

Голманот, кој ја почна сезоната во Вардар, а потоа му беше раскинат договорот и мораше да си замине, Страхиња Милиќ се најде на трибините во Сегедин каде дојде за да им даде поддршка на своите колеги.

После натпреварот и пласманот на Вардар на Ф4 турнирот тој зборуваше пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

„Јас годинава сум во пензија. Секако дека би ми било драго доколку можам да се вратам таму бидејќи се сметам како вечен член на Вардар. Доколку Михајло Михајловски повторно го преземе клубот јас не би имал никаков проблем да се вратам назад бидејќи моето срце остана во Вардар“, изјави Милиќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.