Стојановска го реши српскиот вицешампион

Тимот на Наиса Ниш, каде што настапува македонската репрезентативка Симона Стојановска, славеа над Бекамент со 32-30 во претпоследното коло од српскиот шампионат.

Најдобра на теренот беше Стојановска, која постигна осум голови. Поранешната ракометарка на Вардар, најверојатно и следната сезона ќе го носи дресот на Наиса.

Наиса по одличниот настап во Челинџ Купот, и на домашна сцена направи добар резултат, па и догогодина ќе игра во европските Купови.