Стоилов се доближи до Николовски во трката за прв стрелец во Групата 1

Ракометарот на Работнички, Стефан Николовски и понатаму е во водство на Листата на стрелците во Групата  1 од Лигата на шампионите, но неговата предност после 12. коло веќе не е така голема.

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Митко Стоилов беше ракометарот кој направи голем чекор напред. Тој реализираше дури 14 удари на средбата против Металург 2 и на тој начин се избори да се најде веднаш зад Николовски со два гола негатива.

Двајцата се издвоија на листата и се далеку пред конкуренцијата така што во последните две кола од есенскиот дел ќе имаат трка меѓу нив за тоа кој ќе финишира како прв во Групата 1.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

96 – Стефан Николовски (Работнички)

94 – Митко Стоилов (Младост Богданци)

82 – Кире Башевски (Преспа)

81 – Никола Димитров (Работнички)

80 – Филип Шиклевски (Преспа)

75 – Огнен Совковиќ (Весна Акумулатори)

73 – Илија Грозданов (ГРК Тиквеш)

69 – Марко Митев (Аеродром)

60 – Васе Петров (Весна Акумулатори)

60 – Олег Кумогородски (Работнички).