Стоилов за 24 Ракомет ТВ: Секогаш веруваме во себе, сè е можно со нас! (ВИДЕО)

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов после натпреварот против Пик Сегед имаше причина да биде максимално расположен бидејќи тој и неговите колеги ја продолжија серијата на успеси и успеа да дојде до уште едно учество на Ф4 турнирот во Келн. Колку беше тешко потврди во својата изјава за 24 Ракомет ТВ.

„Не очекувавме многу да губиме осум на полувреме, но чекавме да биде тешко. Покажавме осум разлика, пред ваква публика се вративме и одиме третпат во Келн. Ние секогаш веруваме во себе. Оваа екипа е таква и таква атмосфера има во соблекувалната. Мислам дека сè е можно со нас“, изјави Стоилов пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Стоилов можете да ја погледнете во видеото во продолжение.