Стоилов за 24 Ракомет ТВ: Мило ми е што цела Македонија е со нас, овој пехар е за нив (ВИДЕО)

Капитенот на екипата на Вардар, Стојанче Стоилов како што вети пред средбата го отстапи местото на Игор Карачиќ при подигањето на пехарот. Уште еднаш го потврди тоа дека во моментот кога дознал дека Карачиќ си заминува паднал договор.

Тие дојдоа во Вардар речиси во исто време и беа играчите со најдолг стаж во овој состав на Вардар. Учествуваа во сите успеси, а двајцата може да се пофалат дека го кренале пехарот. Инаку, Стоилов имаше порака до навивачите.

„Беа фантастични во изминатите два дена тука во Келн. Знам дека и оние што ќе не пречекаат во Скопје ќе бидат исто така фантастични. Мило ми е што цела Македонија е со нас, а овој пехар е за сите нив“, рече Стоилов пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја проследите во видеото во продолжение.