Стоилов за 24Ракомет ТВ: Знаевме дека Загреб ќе игра грубо! (ВИДЕО)

Вардар го победи Загреб со 23-26 во финалето од завршниот турнир во регионалната СЕХА лига и ја освои петтата титула. Kaпитенот Стојанче Стоилов и против Загреб ја одработи својата задача, но вели дека е тажен поради повредата на Дисингер.

„Нема преголемо славје поради тоа што се случи со Дисингер и победата му ја посветуваме него. Знаевме дека Загреб ќе игра грубо, но сепак ја освоивме петтата титула во СЕХА“, вели Стоилов.

Погледнете ја целата изјава во видео прилогот…