Среќен роденден!

Денешниот ден ќе го одбележат ракометарите и ракометарките кои со своите екипи во оваа сезона настапуваат во Лигата на шампионите.

Шпанецот од редовите на Адемар Леон, Алонсо Давид Фернандез денеска ќе наполни 23 години.

Русинот Никита Каменев кој е дел од екипата на Чеховски медведи, го прославува својот 21. роденден.

Нико Ронберг, кој е еден од подобрите ракометари од Финска настапува за Рихимаен кокс, а тој денеска ќе наполни 27 години.

Својот 25. роденден денеска ќе го прослави Унгарката од ФТЦ Раил Карго, Реа Река Мешарош.

Австријката, Инес Иванчок која е дел од германскиот Битигхајм, пак, го прославува 21. роденден.

Среќен роденден Алонсон, Никита, Нико, Реа и Инес.