Среќен роденден!

Списокот на славеници на родендени за денеска е пократок од вчерашниот, а на него се наоѓа пивотот кој сезонава игра за тимот на Работнички. Кристијан Анастасовски, кој до лани ги бранеше боите на Вардар јуниор денеска ќе наполни 22 години.

Роденден слави и една поранешна ракометарка, која во 2008 година беше дел од младинската репрезентацијата на Македонија на Светското првенство на кое бевме домаќини. Ивана Саздовски денеска полни 29 години.

И репрезентативецот на БиХ, Дејан Малиновиќ има роденден. Играчот на Констанца денеска ќе го прослави својот 27. роденден.

Исто така и ракометарот на Веспрем од Шведска. Се работи за Андреас Нилсон, кој денеска ќе наполни 29 години.

Украинката која е дел од тимот на Крим, Олга Передери денеска го слави својот 25 роденден.

Среќен роденден Кристијан, Ивана, Дејан, Андреас и Олга!