Среќен роденден Михајло, Шандор, Горјан…

На 21 септември се родендени неколку поранешни и актуелни ракометари кои имаат оставено белег во дресот на репрезентацијата на Македонија.

Актуелниот кадетски репрезентативец и ракометар на Металург, Михајло Младеновиќ денеска го прославува својот 19. роденден.

Поранешниот голман на Пелистер, кој беше дел и од репрезентацијата на Македонија, Шандор Ходик исто така е меѓу славениците. Ходик денеска ќе наполни 54 години. Се работи за еден од голманите кои оставија голема трага во Пелистер, но беше и еден кој секогаш даваше максимум и на клупски и на репрезентативен план.

Ракометарот со чиј погодок во 2000 година, младинската репрезентација на Македонија замина на Европското првенство во Атина, Горјан Анастасовски денеска полни 39 години. Тој имаше солидна кариера во која од Борец се пресели во Вардар, а потоа играше и во Франција.

На списокот е и Андреј Јуринок. Белорусинот кој настапува за екипата на Мешков Брест го прославува својот 23. роденден.

Среќен роденден Михајло, Шандор, Горјан и Андреј!