Среќен роденден Кире!

Еден од ракометарите кои оставија голем белег во историјата на тимот на Пелистер, Кире Поповски денеска слави роденден. Играчот кој беше дел од многу успеси на оваа екипа сега е тренер. Кире Поповски денеска полни 45 години.

Покрај Поповски роденден денеска има и Швеѓанецот Кристијан Космо, кој ги брани боите на тимот на Кристијанштад. Тој денеска го прославува својот 21. роденден.

Хрватката Драгица Џоно, која игра за Подравка, пак, денеска ќе наполни 32 години.

И репрезентативката на Црна Гора, Мајда Мехмедовиќ исто така има роденден. Ракометарката на ЧСМ Букурешт денеска го слави својот 29. роденден.

Среќен роденден Кире, Кристијан, Драгица и Мајда!