Среќен роденден Игор!

Тренерот кој минатата година го внесе Бутел Скопје во Супер лигата, а годинава се избори за место во плеј-офот, Игор Котевски денеска слави роденден. Еден од ракометарите кои оставија голема трага во репрезентацијата на Македонија и беше дел од создавањето на националниот тим, Игор Котевски денеска полни 47 години.

Роденден има и надежта на ракометот од Битола, Бобан Каковски. Ракометарот на Еурофарм Работник и член на кадетската селекција денеска ќе наполни 19 години.

Роденден слави и ракометарката на Вардар, Ивана Џатевска. Таа го прославува својот 16. роденден.

Норвежанката од тимот на Ларвик, Емили Кристенсен е исто така на списокот. Таа ќе наполни 26 години.

Среќен роденден Игор, Бобан, Ивана и Емили!