Среќен роденден Ивица!

Ракометарот кој беше најдобар стрелец после регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига, Ивица Илиев денеска слави роденден. Играчот кој настапува во дресот на Радовиш денеска полни 31 година.

Роденден има и Швеѓанката Емилија Ериксон. Таа игра за тимот на Савехоф, а денеска ќе го прослави својот 19. роденден.

Својот 37 роденден, пак, денеска го слави Русинката Маја Петрова. Таа е играч на тимот на Ростов Дон кој играше во финалето од Лигата на шампионите во Будимпешта.

Среќен роденден Ивица, Емилија и Маја!