Среќен роденден Жарко Пешевски, Никола Карабатиќ…

Репрезентативецот на Македонија, пивотот Жарко Пешевски го предводи денешниот список на славеници. Пешевски, кој игра за Мотор Запорожје синоќа со колегите забележа победа на Исланд, па на најдобр можен начин ја почна прославата на роденденот.

Роденден има и Никола Карабатиќ. Првата ѕвезда на репрезентацијата на Франција и на тимот на ПСЖ денеска ќе наполни 35 години.

Меѓу славениците е и една од поранешните ракометарки кои оставија голема трага и во репрезентацијата на Македонија, но и во редовите на Кометал Ѓорче Петров. Драгана Пецевска, сега Ристова денеска полни 36 години.

Роденден има и Хрватот од Динамо Букурешт, Анте Кудуз. Тој денеска го прославува својот 24 роденден.

Максим Баранов од Белорусија, кој настапува за екипта на Мешков Брест денеска ќе го прослави својот 31 роденден.

Уште еден ракометар кој е од Белорусија и кој игра за Мешокв Брест има роденден, а се работи аза Александер Шкурински. Тој полни 24 години.

Денеска полнолетен станува Данецот Руне Бергман Ловшал, кој игра за тимот на Бјерингбро.

Среќен роденден Жарко, Никола, Драгана, Анте, Максим, Александер и Руне!