Среќен роденден Влатко!

Поранешниот репрезентативец на Македонија, кој имаше голем придонес во одбраната и во сите поголеми успеси на националниот тим, Влатко Митков денеска слави роденден. Играчот на Брегенц од Австрија денеска ќе наполни 38 години.

Роденден има и ракометарот на Еурофарм Работник, десното крило од Србија, Милан Ѓукиќ. Тој дојде кај битолчани минатото лето, а полни 34 години.

На списокот е и Хуго Дескат. Французинот од Динамо Букурешт ќе го прослави 27. роденден.

Хрватот од ППД Загреб, Тин Лунчин, пак, денеска полни 20 години, додека Швајцарецот кој игра за Вакер Тун, Седрик Мансе ќе наполни 22 години.

Среќен роденден Влатко, Милан, Хуго, Тин и Седрик!