Среќен роденден Анита!

Легендата на ракометот во Унгарија која вчера уште еднаш со својот тим, Ѓер го освои трофејот во Лигата на шампионите, Анита Горбиц денеска слави роденден. Таа го предводи списокот, а полни 36 години. Иако е веќе на залезот на играчката кариера таа и понатаму е една од најдобрите ракометарки во светот.

Роденден слави и интернационалецот од Македонија, Марио Лефковски. Тој денеска ќе наполни 23 години.

Мухамед Зулфиќ од БиХ, кој го носи дресот на Динамо Букурешт денеска ќе го прослави својот 27 роденден.

Исланѓанецот Олафур Андрес Гудмундсон, кој го носи дресот на тимот на Кристијанштад денеска полни 29 години.

Среќен роденден Анита, Марио, Мухамед и Олафур!