СП за кадети: Остана уште една влезница за осминафинале, кој ќе дојде до неа?

Репрезентациите кои се дел од Светското првенство за кадети денеска го имаат последниот ден од разигрувањето после кој ќе бидат познати и осминафиналните двојки за натпреварите кои ќе бидат одиграни в среда.

Програмата е долга денеска бидејќи ќе бидат одиграни по шест средби и во двете сали. Ова ќе биде н во кој ќе има сигурно и многу тактизирање, но и надигрување така што едно е сигурно, а тоа е дека ќе има што да се види на терените.

Според ситуацијата која владее на табелите во А и Б групите веќе се знаат осминафиналистите и прашање е кој против кого ќе разигрува во осминафиналето. Во групата Ц исто така се знаат четирите селекции, а непознато е името на еден состав од Групата Д. Прашањето е дали Србија или Тунис ќе се најдат во елиминациите од Мундијалот, а тие меѓусебе ќе одлучат кој продолжува меѓу најдобрите 16 во светот.

СП ЗА КАДЕТИ

ПОСЛЕДНО, 5. КОЛО (ПОНЕДЕЛНИК, 12 АВГУСТ)

ГРУПА А (СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“)

16:30ч

ЧИЛЕ – САУДИСКА АРАБИЈА

18:30ч

СЛОВЕНИЈА – НОРВЕШКА

20:30ч

ХРВАТСКА – ШПАНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Хрватска 8 (142:81); 2. Шпанија 7 (119:91); 3. Норвешка 5 (123:106); 4. Словенија 4 (107:107); 5. Чиле 0 (95:147); 6. Саудиска Арабија 0 (83:137).

ГРУПА Б (СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“)

10:30ч

ТАЈВАН – КАНАДА

12:30ч

УНГАРИЈА – ЕГИПЕТ

14:30ч

ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА

ТАБЕЛА: 1. Шведска 6 (144:94); 2. Унгарија 6 (133:87); 3. Франција 6 (129:89); 4. Египет 6 (139:102); 5. Тајван 0 (86:154); 6. Канада 0 (65:170).

ГРУПА Ц (СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“)

16:30ч

АРГЕНТИНА – НИГЕРИЈА

18:30ч

ДАНСКА – БАХРЕИН

20:30ч

МАКЕДОНИЈА – ЈАПОНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Данска 8 (123:90); 2. Јапонија 6 (114:110); 3. Македонија 4 (110:111); 4. Аргентина 4 (93:102); 5. Бахреин 2 (93:102); 6. Нигерија 0 (114:143).

ГРУПА Д (СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“)

10:30ч

БРАЗИЛ – ПОРТУГАЛИЈА

12:30ч

СРБИЈА – ТУНИС

14:30ч

ИСЛАНД – ГЕРМАНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Португалија 8 (113:95); 2. Германија 6 (120:92); 3. Исланд 6 (105:96); 4. Србија 2 (95:102); 5. Тунис 2 (85:116); 6. Бразил 0 (97:114).