Спортот и дрогата не одат заедно: Уште еден ракометар позитивен на допинг контрола!

Шведскиот ветеран и сезонава голман на Малме, Дан Бојтлер, на последната допинг контрола беше позитивен на кокаин. Тој имаше договор со ГОГ Гудме и следната сезона требаше да застане на нивниот гол, но откако излегоа позитивните резултати тоа нема да се случи.

Менаџментот на ГОГ одлучи веднаш да го раскине договорот со 41-годишниот голман. Пред извесно време беше објавено дека еден шведски ракометар е позитивен на кокаин, а сега конечно е потврдено дека тоа е голманот на Малме, Дан Бојтлер. Најверојатно ова ќе биде крајот на неговата кариера со оглед на тоа што го очекува суспензија и веќе има над 41 година.

Швеѓанецот има одиграно повеќе од 70 натпревари за репрезентацијата на Шведска. Исто така голманот има настапувано во Бундес лигата за екипите на Фленсбург, Хамбург и Лемго.