Со селфи до Фајнл Фор турнирот во Будимпешта

Изминатиот период тимот на ЕХФ започна натпреварување за „најнавивачки“ облечен ракометен фан.
Се што треба е да направите слика во вашата навивачка униформа и навивачки реквизити и да ја објавите на социјалната мрежа „фејсбук“ со назнаката ‪#‎letsfaceit‬. Најинтересните ракометни навивачи ќе имаат можност да присуствуваат на Фајнл Фор турнирот од Лигата на шампионките, кој ќе се одржи во Будимпешта на 9-ти и 10-ти мај.