Сопственикот и спортскиот директор на Вардар повторно на трибините на СЦ”Јане Сандански” (ФОТО)

За нешто помалку од петнаесетина минути ќе стартува првиот полуфинален натпревар од СЕХА Ф4 турнирот во Скопје. Вардар и Брест ќе ја имаат честа да го отворат спектакуланниот ракометен настан,  а комплетната полуфинална програма ќе биде заокружена со второто полуфинале помеѓу ППД Загреб и Целје Пивоварна Лашко кое ќе стартува од 20:15 часот.

Црвено-црните за денешниот дуел ќе добијат голема поддршка  од трибините каде ќе се најде човекот кој е еден од најзаслужните за најголемите ракометни успеси на Вардар. Сергеј Самсоненко заедно со спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров веќе пристигнаа во СЦ”Јане Сандански” и по подолго време ќе присуствуваат на еден од натпреварите на РК Вардар. Ова секако ќе биде дополнителен мотив за вардаровите ракометари да одиграат уште еден добар натпревар и да обезбедат ново финале во СЕХА Гаспром лигата.

Вардар го брани СЕХА  трофејот кој го освои минатата година, токму  на паркетот на денешниот противник.