СЛОВЕНИЈА ГИ ОТВОРИ КАРТИТЕ: Брегар повика 24 ракометарки за баражот против Македонија

Словенечкиот селектор Урош Брегар го објави списокот на повикани ракометарки за бараж двомечот против нашата репрезентација.

Тој ќе смета на 24 ракометарки, од кои ќе се бараат 16 за ростерот на двата меча во Скопје и на реваншот во Целје.

На овој список се најдоа сите очекувани имиња, но веројатно нема сите да играат против нашата селекција.

Мавсар планира да стане мајка, Омореги е повредена, па Брегар најверојатно ќе мора да направи неколку измени.

Мечот во Македонија се игра на 2 јуни во Скопје, а вториот натпревар е на 6 јуни во Целје.