Словенецот Оцвирк, три години во „црвено-црниот“ дрес на шампионот

Најефикасниот ракометар на последното Европско првенство за играчи до 20 години, Грегор Оцвирк и официјално е дел од тимот на Вардар, а со шампионот на Македонија младиот ракометар од Словенија потпиша договор на три години.

Практично на хартија договорот е на две години со можност да потпише на уште една година. Тој веќе работи со колегите и се подготвува за своето деби. Нема да има проблеми околу брзото аклиматизирање бидејќи во клубот го има и сонародникот Сташ Скубе.

Оцвирк ќе биде засилување за позицијата лев бек така што ќе помага на местото кое во моментов е најпроблематично во составот на Вардар особено после повредата на Горбок. Се работи за играч пред кого е убава иднина и кој беше посакуван и од селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ во Железничар, но не дојде до договор.

Вардар успеа да го добие пред другите клубови, па сега има млад и квалитетен играч, кој ќе биде од голема помош за екипата.