Скубе: Очекувам победа на трите средби до крајот на годината

Ракометарите на Вардар полека ги завршуваат клупските обврски пред да се посветат на резервацијата. До крајот на годинава остануваат само уште натпреварите од СЕХА лигата, а следниот на програмата е в сабота кај српскиот вицепрвак Железничар. Средниот бек Сташ Скубе очекува победа на гостувањето во Ниш.

„Се очекуваше дека по мечот во Лигата на шампионите можеби малку ќе паднеме во ритамот. Најважно беше што победивме. Сега очекувам да го подигнеме нивото на тренирање и играње, и очекувам да победиме на сите три натпревари до крајот на годинава, со Железничар, Татран и Стеауа“, вели Скубе.

На првиот меч одигран во Скопје во септември, Вардар триумфираше со 35-20. Средбата во Ниш ќе се игра во салата „Чаир“, а ќе започне во 20: 15 часот. Покрај дуелот со Железничар, за Вардар ќе останат уште средбите со Татран Прешов дома и Стеауа на гости.