Скубе за 24 Ракомет ТВ: Ќе има емоции, но сега сум играч на Вардар и имам цел да победиме (ВИДЕО)

Ракометарот кој до минатата сезона го носеше дресот на Пик Сегед, Сташ Скубе утре ќе се потсети на минатите две сезони кога имаше одлични настапи со оваа екипа. Тој имаше одлични игри и секако ќе има што да покаже утре кога на теренот ќе се појави во дресот на Вардар. Дали ќе добие аплаузи или свирежи знаат само фановите на Пик Сегед, а дефинитивно ќе има што да покаже и да им докаже колку погрешија кога му дозволија да замине.

„Сигурно дека ќе има емоции. Тука минав убав период од мојата кариера. Посебно убава беше минатата сезона кога имавме одлични резултати. Сепак, сега сум тука со друг клуб. Настапувам за Вардар и со овој тим имам свои други цели. Дојдовме тука како да играме од почеток и резултатот да е 0:0. Нашата цел е да го победиме Пик Сегед и како гости“, коментираше Скубе за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Скубе можете да ја погледнете во видеото во продолжение.