Скубе за 24 Ракомет ТВ: Ние го имаме Кристопанс, а тој може сè и сам (ВИДЕО)

Ракометарот кој чекаше неколку сезони за својот прв Ф4, а потоа дојде во Вардар и уште во првата сезона стигна не само во Келн туку и во финалето, Сташ Скубе после големиот триумф над Барселона коментираше за она што беше постигнато на теренот.

„Ние не одигравме толку лошо во првото полувреме колку беше лош резултатот. Сепак, успеавме во второто полувреме да го свртиме мечот. Го имавме и Кристопанс кој може сам да реши неколку напади. Покажавме и дека сме момци кои никогаш не се предаваме и без разлика дали е добро или лошо играме до 60:00 на семафорот“, коментираше Скубе за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.