Скубе за 24Ракомет ТВ: И Сегедин живее за ракометот како Скопје, но атмосферата е неспоредлива (ВИДЕО)

Ракометарот кој до минатата сезона го носеше дресот на Пик Сегед, Сташ Скубе утре ќе се потсети на минатите две сезони кога имаше одлични настапи со оваа екипа. Тој имаше одлични игри и секако ќе има што да покаже утре кога на теренот ќе се појави во дресот на Вардар.

Скубе вели дека и во Сегедин фановите ќе направат одлична атмосфера.

„Сегедин живее за ракометот, тука има одлична атмосфера, но сепак не може да се спореди со тоа што го прават Комити во Скопје“, вели словенечкиот ракометар.

Комплетната изјава на Скубе можете да ја погледнете во видеото во продолжение.