Скубе: Барселона не е невозможна мисија за Вардар!

Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе игра во одлична форма во последно време и се наоѓа на мета на многу клубови. Сепак, тој е концентриран на Вардар и настапот на завршниот турнир во Келн и вели дека Барса не е невозможно да се победи

„Противникот во полуфиналето е еден од најдобрите тимови во Лигата на шампионите. Сигурен сум дека ќе имаме тешка задача, но земајќи ја предвид мотивацијата и целото шоу во Келн, мислам дека ништо не е невозможно. Нашата цел оваа сезона беше титула во СЕХА лигата и пласман на Ф4 во Келн. Сега кога сме таму, ќе се обидеме да ја изненадиме конкуренцијата и да се искачиме на врвот“ , вели средниот бек.

Ф4 во Келн ќе се игра на 1 и 2 јуни, а натпреварот меѓу Барселона и Вардар се игра во централниот термин од 18:00 часот.