Си замина од Вардар со две круни во ЛШ, па стана тренер на младите во Алушовски

Во новата сезона во натпреварите од младинските лиги ќе има голем број на тренери кои зад себе имале убава играчка кариера. Сите веќе имаат обезбедено лиценца за работаво новата сезона така што се очекува само натпреварите да стартуваат и да може да се тргне со битките.

Секако најинтересно е името на тренерот на младинските тимови во Алушовски. Двократниот освојувач на титулта во Лигата на шампионите, Владо Недановски е лиценциран за новата сезона. Тој почнува тренерска кариера откако заврши со игрите во Вардар, па ова ќе му биде убава можност да влезе во тренерските води.

ТРЕНЕРИ ВО ТИМОВИТЕ ОД МЛАДИНСКИТЕ ЛИГИ

БУТЕЛ: Филип Глигоров

ЕНХАЛОН: Дејан Костески

ДЕЛЧЕВО ПЛУС: Драган Пешовски, Влатко Димитриовски

ВАРДАР: Зоран Петковски, Анжела Платон, Драгана Ристова, Марија Папуџиева

МЕТАЛУРГ: Мери Арсениевска, Алексо Лембанов, Оливер Димитриоски

РИСОВИ: Даниела Тасеска

ФЕНИКС АМ: Николче Костовски

РАДОВИШ: Спасе Ѓоргиев

ВАРДАР ЈУНИОР: Андријана Будимир

ДРАЧЕВО: Велимир Настески

АЕРОДРОМ: Тања Андрејева, Силвана Карбеска

АНГЕЛИ ВАРДАР ВОЛКОВО: Силвана Миленковиќ

САНИ 12: Александра Џамтоска, Климент Ѓеоргиевски

КЛ 7 ЛАЗАРОВ – Скопје: Иван Никчевиќ, Влатко Котевски

ТЕКСТИЛЕЦ: Павле Тодоров, Дафче Пенев

ДЕСПИНА: Рубин Богојески

ПРОЛЕТ 62: Сашо Сотировски

РАБОТНИЧКИ: Христијан Здравковски

ГРК ТИКВЕШ: Кире Василев

РШ КЛ 7 – Струга: Јаковче Матлиевски, Дејан Коцарески, Ѓоко Коцарески

ПРЕСПА: Сандре Темелковски

ПЕЛИСТЕР: Кире Поповски, Игор Николовски

ПРЕСПА ВАРДАР: Иванчо Ангелковски

КАЛЕ МАРКОВСКИ КУЗМАНОВСКИ ВАРДАР – Кичево: Драган Кузмановски, Ѓоко Маркоски

ВЕЛЕС 2009: Игор Тодоровски

АЛУШОВСКИ: Владо Недановски

ЖРК ГЕВГЕЛИЈА: Драгица Митрова

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР: Горан Велков, Гоце Стоиловски

ПРИЛЕП: Рубин Лашкоски

ФИЛИП ВАРДАР: Александар Таневски

ЖРК КУМАНОВО: Димитар Антевски, Александар Бојковски

МЛАДИНЕЦ 2015: Димитар Филипoв

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Фарук Мемиќ

КУЗМАН ВАРДАР: Ангела Карчева

ЛИХНИД 2012: Билјана Богданова Смилевска, Атанас Поп Стефанија, Филип Јованоски.