Сите погледи насочени кон „Јане Сандански“ и новото дерби

Екипите на Вардар и на Металург ќе имаат ново дерби, а овој пат пресметката ќе ја имаат во рамки на СЕХА-лигата. После двобојот во Супер купот во Струга сега треба да си ги одмерат силите и во региноналното натпреварувње каде „црвено-црните“ доминират во меѓусебните натпреварувања.

Вардар и Металург играа во првото финале на СЕХА во Загреб и тогаш „црвено-црните“ победија со 21:18. Металург победи само двапати. Првиот пат тоа се случи на 27 март во 2013 година во Автокоманда со 26:21, а вториот истата година но на 17 декември како гостин со 22:21.

Овие две екипи имаат и две нерешени средби. Ремизираа при првата пресметка во 2011 година на 28 ноември со 18:18, а вторпат на 7 септември во 2013 година со 28:28. Другите десет дуели завршија со победа на Вардар.

Металург нема победа од 2013 година, а после ова шест средби завршија во корист на Вардар и ова е долга серија која металурзите тешко дека ќе успеат да ја прекинат и во оваа сезона.

Инаку, денешната средба почнува од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. Овој дуел е под реден број 14 меѓу овие две екипи во СЕХА-лигата.