Сите на планина Мотор Запорожје на море (ФОТО)

Почетокот на подготовките е секогаш тежок и напорен, екипите се обидуваат да ја вратат физичката подготвеност и да се подготват за напорите кои следуваат во претстојната сезона. Но сите екипи не фаќаат ритам на ист начин. Во екот на висинските подготовки на ракометните тимови и подготвителните турнири, украинските прваци Мотор Запорожје се одлучија својот поход во новата сезона да го започнат од Пула. Приморски град на Јадранско море, каде меѓу тренинзите и спаринг натпреварите, ракометарите се релаксираа на хрватските плажи, по што следуваше ладење во едно од најубавите мориња на светот. Високите ракометарите на Мотор беа атракција за локалното население и туристите кои го искористија почетокот на август за своите одмори.

Украинците оваа сезона за прв пат ќе дебитираат во СЕХА лигата па затоа и одбраа место каде може да ги тестираат своите сили со екипите од регионалното натпреварување. Мотор Запорожје се противници на Еурофарм Работник и Вардар во СЕХА лигата односно Лигата на шампионите, доведоа нови засилувања во тимот и со нови амбиции ја започнаа новата страница во клупаската историја.

За своја почетна база го избраа атрактивниот приморски град на северот на Јадранот каде се задржаа до 7 август, оттаму заминаа за Словенија, во Зрече, каде ќе одиграат неколку контролни средби и ќе ја брусат формата за крајот на август, кога започнува СЕХА лигата.