Симоноски: Ни недостигаше реализација и концентрација во моментите на одлука

Пивотот на репрезентацијата на Македонија, Кристијан Симоноски после мечот беше разочаран од она што го направија денеска против Португалија. Иако одиграа одличен натпревар и се бореа во сите 60 минути, на крајот не успеаја да стигнат до посакуваниот резултат и мора да се помират со уште еден пораз.

„Два дена правевме анализи и се подготовуваме за овој меч. Дадовме сè од себе, но немавме среќа на крајот за да успееме да дојдеме до посакуваниот резултат за да можеме барем до продолѓение. На крајот ни недостигаше реализација, но и малку концентрација“, изјави Симоноски.

Ова значи дека Португалците одат во четврт-финале против Франција, а Македонија ќе мора да игра за пласман во текот на утрешниот ден.