Симовски: Чешкиот ракомет е пред македонскиот, но верувам во девојките

Викендов на меѓународна сцена ќе биде активен и еден женски клуб, кој го очекуваат натпревари во Купот на ЕХФ. Ракометарките на Куманово ќе се соочат со Славија Прага во 1. коло од ова натпреварување, а тоа е знак дека ќе има интересни средби во Спортската сала во Куманово.

Двата меча екипата на Куманово ги игра на свој терен што би требало да биде предност, но истата ќе мора да биде и искористена.

„Познавајќи го ракометот во Чешка, кој во изминатите години и сега е на едно повисоко ниво во споредба со нашиот, тоа не е алиби или барање оправдување за резултатот на натпреварите утре и задутре. Ние сè уште не сме се нашле на терен со екипата на Славија Прага. Направивме неколку анализи. Јас сум задоволен од ангажирањето на ракометарките и очекувам да покажеме резултат од нашата игра. Верувам дека резултатот сам по себе ќе си дојде. Ова е само почеток и не треба тука да застанеме, туку овие девојки заслужуваат поддршка и во следниот период што е можно повеќе да гледаме вакви натпревари“, изјави тренерот на Куманово, Симе Симовски.

Натпреварите почнуваат од 18:30 часот и утре и задутре, а влезницата е 50 денари.