Завршувањето на сезоната и натпреварите во СЕХА-лигата, но и на домашна сцена на 15 декември нема да биде финиш и на активностите за ракометарите. Покрај сениорската репрезентација собир ќе имат и репрезентативците кои се дел од кадетската репрезентација, а тие ќе бидат на турнир со своите врсници од уште четири земји.
Од 18 до 20 декември во салата во „Автокоманда“ ќе бидат одиграни вкупно 15 натпревари при што во првите два дена ќе има по шест меча, а третиот ден уште три. Секој ќе одигра по еден натпревар против секого, а покрај Македонија А и Македонија Б гостуват и соодветните селекции на Полска, Црна Гора, Србија и Унгарија.
За Македонија ова е подготовка за Светското првенство кое во август следната година ќе се одржи во Скопје. Оттаму селекторот Брестовац уште сега ќе почне со контролата на момците на кои планира за Мундијалот и затоа секој натпревар ќе биде максимално важен за секој од ракометарите бидејќи ќе бидат на голем тест и ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети на теренот и секако да ја оправдаат довербата.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ВТОРНИК, 18.12.2018
09:30ч
МАКЕДОНИЈА А – МАКЕДОНИЈА Б
11:00ч
ПОЛСКА – ЦРНА ГОРА
12:30ч
УНГАРИЈА – СРБИЈА
17:00ч
МАКЕДОНИЈА А – ЦРНА ГОРА
18:30ч
УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА Б
20:00ч
СРБИЈА – ПОЛСКА
СРЕДА, 19.12.2018
09:30ч
МАКЕДОНИЈА Б – СРБИЈА
11:00ч
МАКЕДОНИЈА А – ПОЛСКА
12:30ч
ЦРНА ГОРА – УНГАРИЈА
17:00ч
МАКЕДОНИЈА Б – ЦРНА ГОРА
18:30ч
МАКЕДОНИЈА А – СРБИЈА
20:00ч
ПОЛСКА – УНГАРИЈА
ЧЕТВРТОК, 20.12.2018
09:30ч
СРБИЈА – ЦРНА ГОРА
11:00ч
ПОЛСКА – МАКЕДОНИЈА Б
12:30ч
УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА А