Се остварија шпекулациите: Тјери Анти е нов тренер на Спортинг Лисабон!

Францускиот стратег кој изминатите десет години беше на клупата на Нант од наредната сезона се сели во Португалија и ќе го предводи Спортинг Лисабон.

Анти имаше договор со Нант до 2020 година но соработката со францускиот тим ја прекинува една година порано. Ова значи дека од наредната сезона и Лазаров ќе добие нов тренер.

Главна задача на Анти во Спортинг ќе биде да го врати трофејот од првенството во Лисабон откако по две години сезонава Порто ги симна од тронот. За наредната сезона немаат обезбедено учество во Лигата на шампионите, но имааш шанси за настап доколку добијат вајлд карта.

Анти тренерската кариера ја започна во Кретеј каде што и ја заврши играчката кариера во 1988 година. Останатите клубови кои ги има водено се Понто Комбо, Париз и Нант, а ова ќе биде негово прво тренерско искуство надвор од Франција.