Се зголемува бројот на дами меѓу тренерите, дури седум ќе водат клубови во Женската лига

Во сезоната која почна минатиот викенд на клупата на седум од 13 екипи кои играат во Женската лига ќе седат поранешни ракометарки. Бројот на дамите меѓу тренерите се зголемува така што тренерската професија станува сè попривлечна кај понежниот пол во Македонија.

Според имињата коишто се објавени меѓу тренерите се наоѓаат поранешните репрезентативки на Македонија: Драгана Ристова (Пецевска), Наталија Тодоровска, Јулијана Дамчевска и Веселинка Треноска. Во стручниот штаб на Вардар е и Билјана Црвенкоска, но таа е асистент на Ристова.

Инаку, меѓу дамите кои ќе работат во Женската лига се и Семие Ислами, Александра Кузмановска и Татјана Бојкова.