Се ближи ждрепката за ЕП: Најлесно во Грац, неатрактивно во Виена, опасно во Шведска…

После потврдувањето на шеширите за ждрепката за групите за Европското првенство во 2020 година, која ќе се изврши на 28 јуни јасно е дека Македонија може да игра само во Австрија или во Шведска. Веќе е јасно дека ова ќе биде првенство на кое ќе има 24 селекции, па средбите ќе се играат во три земји и во пет различни градови, а само првите две од секоја група ќе продолжат понатаму.

Оттаму Македонија може да добие групи по мерка во кои не би требало да има поголем проблем за да се пласира во вториот круг односно меѓу најдобрите 12, но има и групи кои доколку се случат тогаш ќе биде навистина тешко да се игра.

Португалија и Исланд се опасни противници

Доколку Македонија се падне во некоја од групите кои се играат во Шведска тогаш нема да има многу леснотија односно ќе биде навистина тешко за да се игра. Сепак, многу поопасно ќе биде доколку се најде во ситуација од третиот шешир да дојде Португалија која е во неверојатна форма и репрезентација која надоаѓа. И Исланд исто така е состав кој секогаш може да одигра квалитетно на шампионатите.

Нема да биде добро ниту ако во една таква комбинација се најде и Русија во таа група бидејќи тоа ќе биде прв круг во кој нема да има лесен меч.

НАЈТЕШКА ГРУПА

ДАНСКА

МАКЕДОНИЈА

ПОРТУГАЛИЈА

РУСИЈА

Кристопанс и колегите ги сакаат сите во своја група

Иако успеаја да ја совладаат Словенија на свој терен, сепак, Летонија е репрезентација која ја сакаат сите како противник од групата 3. Дури и Австрија иако е домаќин е добра ждрепка, а Црна Гора иако е во таа група на добри противници, сепак, е подобро да се одбегне.

Со оглед на лошата форма на Полска не би била ниту таа варијанта проблем, но дефинитивно од шеширот 4 селекциите на БиХ и Холандија се противници за бодови и шанса за втор круг.

НАЈЛЕСНА ГРУПА

ХРВАТСКА

МАКЕДОНИЈА

ЛЕТОНИЈА

БИХ

Во Виена со Чешка, Австрија и Холандија… нема да има атрактивност

Една можна група е и да се игра заедно со селекциите на Чешка, Австрија и Холандија. Три противници против кои Македонија може до победи. Ниту еден од овие ривали не би требало да биде проблем, но не носи никаква атрактивност.

Ова можеби е и полесна група за првиот круг, но секако ќе биде тешко за да се случи и да испадне така како што се посакува. Во една ваква група и домаќинот Австрија гледа своја шанса за да се пласира во вториот круг.

НЕАТРАКТИВНА ГРУПА

ЧЕШКА

МАКЕДОНИЈА

АВСТРИЈА

ХОЛАНДИЈА

Ждрепката е закажана за 28 јуни од 18:45 часот. Ќе се одржи во Виена, а натпреварите на Европското првенство се играт од 9 до 26 јануари.