СЕХА пак ќе биде силна: Се враќаат Веспрем и Целје

Регионалната СЕХА лига се чини дека годинава го загуби сјајот што го имаше во претходните сезони. Иако сега нема претумбации на термини и играње кој кога сака, сепак звучните екипи како Веспрем и Целје и тоа како недостигаат за квалитетот да биде на повисоко ниво.

Пред стартот на оваа сезона планот беше во лигата да играат 12 екипи поделени во две групи по шест, но тоа не се оствари. Сепак најновите информации се дека екипите на Целје и Веспрем повторно ќе се приклучат во регионалното натпреварување.

Тоа треба да се оствари во сезоната 2019/2020 година, со што бројката на екипи би била 12 поделени во две групи. Во регионалниот дел ќе се одиграат по десет кола, а потоа би имало плеј-оф за место на завршниот турнир.

Виси и местото на Стеауа Букурешт, која би можел да биде заменета со друга екипа од Романија. Останатите екипи ќе бидат истите од оваа сезона.