СЕХА-ЛИГА: Металург им гостува на трите фаворити уште на стартот

Металурзите влегуваат во новата СЕХА-сезона како гости против Вардар. Ждрепката сакаше исто како лани да бидат домаќини, но се заменија со „црвено-црните“, па денеска ќе бидат гости во СЦ „Јане Сандански“.

Распоредот на Металург е поинаков од оној на Вардар. Тие ќе имаат прво две гостувања, а потоа две средби на домашен терен. Практично во првите две кола им гостуваат на фаворитите за место на Ф4, а и третото гостување кое ќе биде на 2 октомври е исто така против тим кој е кандидат да игра на завршниот турнир.

Сезоната за Металург ќе заврши на домашен терен во март, а во Скопје тогаш ќе допатува екипата на Војводина.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

29 АВГУСТ 2018 (20:45ч)

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ

5 СЕПТЕМВРИ 2018 (17:15ч)

МЕШКОВ БРЕСТ – МЕТАЛУРГ

9 СЕПТЕМВРИ 2018 (20:15ч)

МЕТАЛУРГ – НЕКСЕ

19 СЕПТЕМВРИ 2018 (20:45ч)

МЕТАЛУРГ – ИЗВИЃАЧ

2 ОКТОМВРИ 2018

ППД ЗАГРЕБ – МЕТАЛУРГ

17 ОКТОМВРИ 2018

МЕТАЛУРГ – ЖЕЛЕЗНИЧАР

30 ОКТОМВРИ 2018

ТАТРАН ПРЕШОВ – МЕТАЛУРГ

7 НОЕМВРИ 2018

МЕТАЛУРГ – СТЕАУА

28 НОЕМВРИ 2018

ВОЈВОДИНА – МЕТАЛУРГ

5 ДЕКЕМВРИ 2018

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР

9 ДЕКЕМВРИ 2018

МЕТАЛУРГ – МЕШКОВ БРЕСТ

15 ДЕКЕМВРИ 2018

НЕКСЕ – МЕТАЛУРГ

19 ДЕКЕМВРИ 2018

ИЗВИЃАЧ – МЕТАЛУРГ

2 ФЕВРУАРИ 2019

МЕТАЛУРГ – ППД ЗАГРЕБ

20 ФЕВРУАРИ 2019

ЖЕЛЕЗНИЧАР – МЕТАЛУРГ

6 МАРТ 2019

МЕТАЛУРГ – ТАТРАН ПРЕШОВ

9 МАРТ 2019

СТЕАУА – МЕТАЛУРГ

13 МАРТ 2019

МЕТАЛУРГ – ВОЈВОДИНА