СЕХА ги смени групите: Вардар во група со Пекинг – Спартак ќе игра со Еурофарм Работник

Извршниот Комитет на регионалната СЕХА лига, по приклучувањето на рускиот тим Спартак Москва на местото на Татабања, направи промена во двете групи. Во предвид се земени повеќе фактори, па групите се добро избалансирани.

Група А

Вардар
Нексе
Татран Прешов
Војводина
Мотор Запорожје
Пекинг Универзитет

Група Б

Загреб
Мешков Брест
Еурофарм Работник
Металопластика Шабац
Веспрем
Спартак Москва

Она што во оваа сезона ќе биде унифицирано се термините за играње на натпреварите. Ќе бидат можни три термини, 17:15, 19:00 и 20:45 часот. Со оглед на тоа што сезонава ќе има две групи по шест екипи, во регуларниот дел од сезоната треба да се одиграат вкупно десет натпревари. Овој регуларен дел од сезоната треба да заврши на 15 декмеври.

Планирано е да има и два плеј-оф натпревари, и тие ќе се играат на почетокот на февруари 2020 година по принципот дома – гости. Потоа во март ќе има и две четвртфинални средби (7/8 март и 14/15 март). Победниците од тие средби ќе се пласираат на Ф4 турнирот што е закажан за 3-5 април. Домаќинот дополнително ќе биде одреден.

Првите две екипи од регуларниот дел на сезоната директно ќе се пласираат во четвртфиналето. Другите екипи од групите ќе разигруваат во плеј-офот. Потоа се играат четвртфиналните дуели, а предноста домашниот меч да биде во реваншот го имаат екипите што директно се пласирале во четвртфинале.