Сестрите Бонавентура пишуваат нова историја, после машкиот Мундијал, судат и на машко ЕП

Добро познатите судии од Франција, сестрите Шарлот и Жули Бонавентура после настапот на Мундијалот во машка конкуренција во 2017 година добија можност да ја делат правдата и на машкото Европско првенство кое во 2022 година се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска.

Тие се најдоа меѓу 11-те судиски двојки кои ќе судат само во првата фаза. Со оглед на тоа што потоа ќе ги заменат нивните сонародници Пишон и Ревере тие ќе добијат две средби.

Засега е уште рано, но постои опција да и судат на Македонија што никако нема да биде добро ако се има предвид нивното минато особено против екипата на Вардар на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Ова ќе биде нов историски настап за нив, а надежите се да бидат во друга група и да не бидат видени во Виена во првиот круг на Европското првенство.