Сензација на повидок во Битола: Еурофарм Работник води на полувреме со осум гола против Вардар!

Тимот на Еурофарм Работник води против Вардар 18-10 во заостанатиот натпревар од плеј-офот во Суперлига. „Црвено-црниот“ состав сигурно не памети кога последен пат загубил од македонска екипа што не е е Металург.

„Фармацевтите“ поведоа со 7-1 на стартот и оттогаш па до крајот на полувремето, не ја испуштија таа предност против вардарци, кои успеаја да намалат најмногу на три голови. Сепак битолчани делуваа разиграно, мотивирано, моќно и до паузата вратија на плус осум, 18-10.

Стратегот на домашните, не смета на Мемиќ и Крстевски, додека кај Вардар недостигаат Чупиќ, Гедбан, Мораес и Дисингер.