Сензација во Полска: Келце загуби првпат во домашното првенство сезонава

Учесниците на Ф4 во Лигата на шампионите по сè изгледа целото свое време го имаат посветено на завршниот турнир. По изненадувачкиот пораз на Вардар во Купот на Македонија уште еден патник за Келн го доживеа првиот пораз сезонава. Келце на гостувањето кај Гвардиа во полуфиналето од плеј-офот во полскиот шампионат забележа минимален пораз 32:31.

Ова беше прв пораз за составот на Талант Душебаев, претходно во регуларниот дел имаа само една нерешена средба но и таа ја добија во продолжението. Ракометарите на Гвардиа ќе се обидат и на гостувањето кај Келце во реваншот да избегнат пораз и да го елиминираат најголемиот фаворит за титулата. Возвратниот дуел се игра во сабота на 18 мај по кој ќе биде познат првиот финалист.

Во победата над шампионот кај екипата на Гвардиа најефикасен беше Антони Ланговски кој постигна девет гола. Во составот на Келце, Алекс Душебаев беше прецизен шест пати, Каралек и Кулеш постигнаа по три гола.