Светот добива нов првак на Мундијалот до 20 години

Актуелниот бранител на трофејот освоен во 2016 година, Данска не успеа да го мине четврт-финалето и остана без пласман во полуфиналето откако загуби на пресметката со Јужна Кореја на дуел на кој Корејките доминираа.

И двете полувремиња Јужна Кореја ги доби со по четири гола разлика и ова беше најубедливата победа, па јасно е дека селекцијата на домаќинот ќе има тешка задача во утрешното полуфинале.

Унгарките се соочија со незгодната Романија, која издржа само едно полувреме, додека Русија и Норвешка кои ја сочинуваат втората двојка имаа повеќе проблеми.

Русинките наидоа на расположените Холанѓанки, но успеаја во финишот да стигнат до предност за триумф, додека Французинките беа послаби за гол. Тие се изборија за 24:24 во регуларниот дел од времето, но во продолжението од пет минути Норвешка беше подобра со 27:26 и се најде меѓу најдобрите четири.

РЕЗУЛТАТИ ОД ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

УНГАРИЈА – РОМАНИЈА              31:26 (14:17)

РУСИЈА – ХОЛАНДИЈА 28:26 (14:14)

ЈУЖНА КОРЕЈА – ДАНСКА           24:16 (11:7)

НОРВЕШКА – ФРАНЦИЈА            27:26 (24:24, 11:13)

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ

РУСИЈА – НОРВЕШКА

УНГАРИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА