Саздовска го продолжува престојот во Турингер

Македонската репрезентативка Јована Саздовска по успешно сработената прва сезона како ракометарка на бундеслигашот Турингер и во следната година ќе биде дел од учесникот во Лигата на шампионите.

Саздовска минатата сезона потпиша договор на 1+1 година со германскиот тим, а по одличните настапи, активирана е втората година од договорот.

Со Турингер беше дел од Лигата на шампионите и обезбеди настап во втората фаза, додека во домашниот шампионат го освои второто место, но и трофејот во Купот на Германија.