Сагата заврши: Е. Работник со Кузмановски ќе ја напаѓа СЕХА лигата (ФОТО)

Екипата на Е. Работник доби огромно засилување на само една недела до почетокот на новата сезона во Супер машката лига. Во клубот пристигна репрезентативец на Македонија, кој пред само неколку часа ја заврши соработката со Металург.

Филип Кузмановски експресно успеа да си најде ангажман за следната сезона и до крајот на оваа сезона ќе биде дел од тимот од Битола, Е. Работник.

Тој си подаде рака со претседателот на клубот, Зоран Стерјов и ќе биде големо засилување за екипата која има амбиции во оваа сезона да заврши на 2. место и да се избори за место во СЕХА.

Со Кузмановски во тимот овие амбиции почнуваат да делуваат реално, па сега останува во следниот период репрезентативецот да се вклучи во работата на Е. Работник.

Секако, тој ќе биде лидер во тимот кој се очекува да се најде и во групната фаза од Купот на ЕХФ така што ова е одличен трансфер за тимот од Битола и големо засилување пред стартот на сезоната.