РФМ подели еден куп суспензии: Девет месеци „ладење“ за играчите на Риниа

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија имаше многу работа во изминатиот период, посебно со играчите што настапуваат во Првата лига.

Поради инцидентот на средбата меѓу Риниа и Аеродром, ДП на РФМ објави суспензии од по три месеци за тројца играчи на тимот од Чаир – Орхан Емини, Берат Синани и Басри Љатифи. Суспензијата тече од 7 април до 6 јули.

Поради синиот картон на средбата меѓу Работнички и Јуниор Кисела Вода, десниот бек на домашните Олег Кумогородски доби суспензија од еден натпревар, која веќе ја издржа.

Во поразот на Весна Акумулатори од Партизан, домашниот играч Никола Спасовски заработи суспензија од два натпревари неиграње.