Ростов Дон ја одбрани титулата во Русија

Откако загубија во финалето од Лигата на шампионите и го освоија сребрениот медал, ракометарките на Ростов Дон имаа задача во домашното првенство да ја бранат титулата. Тие во финалето од плеј-офот за противник ја имаа екипата на Лада Толјати.

Во финалната серија Ростов забележа две победи од кои првата на гостување по продолженија, а во вториот натпревар во Ростов домашните славеа во регуларниот дел за 2:0 во серијата и одбрана на титулата во домашното првенство.

Прв натпревар:
Лада Толјати – Ростов Дон 31:34 (14:15, 27:27)

Дариа Дмитриева 12 гола (Лада) – Луис Абинг 11 гола (Ростов)

Втор натпревар:
Ростов Дон – Лада Толјати 29:26 (17:13)

Јулија Манагарова 7 гола (Ростов) – Елена Михаличенко 8 гола (Лада)

Третото место во првенството го освои Кубан Крансодар, а Звезда Звенигород заврши на четвртата позиција.