Роберто Парондо: Имавме слабо прво полувреме, кое не смее да се повтори

Вардар стартуваше со победа во новата сезона во СЕХА, а триумфот од 34:28 донесе планирани бодови со кои ќе биде полесно на дуелот против Железничар на 4 септември.

„Црвено-црвените“ имаа одличен ритам во завршницата од средбата, кога го скршија отпорот на противникот и на тој начин му нанесоа пораз на Металург.

„Во првото полувреме против Металург не одигравме најдобро. Одигравме слабо и така не смееме да играме во иднина. Имавме лош интензитет на играта и јас постојано зборувам дека мораме да бидеме многу подобри во секој дел од играта. Ова беше тешка средба во текот на сите 60 минути и ни остави трага на резултатот во првите 40 минути. Во продолжението беше поинаку. Го кренавме нивото и се подобривме. Успеавме да одиграме далеку подобро, но јасно е дека мораме да работиме напорно во следниот период доколку сакаме уште подобри резултати“, коментираше Парондо.

Нема простор за многу одмор, а веќе на 4 септември ќе се одмерат силите со составот на Железничар исто така во Скопје во СЕХА-лигата.