Ривалот на Еурофарм во ЛШ нема да игра во Балтичката „СЕХА“

Противникот на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите од Финска го откажа учеството во Балтичката лига. Одлуката на официјалните лица на Кокс да не настапи во лигата беше објавена на сајтот на клубот. Според нив нема поента да играат под условите кои ги поставува раководството на лигата.

„Во текот на преговорите не наидовме на разбирање за соработка од раководството на Балтичката лига. Сега имаме одлична арена, многу навивачи сакаат да ги гледаат домашните натпревари во својот град. Но раководството на лигата сака да ги играме домашни натпревари во Балтичките земји. Јас не ја гледам поентата“, изјави првиот човек на Кокс, Јари Вита.

Во минатата сезона во вториот дел од сезоната Кокс своите домашни натпревари во Балтичката лига ги играше во Естонија. Тие учествуваа девет сезони во лигата и четири пати ја освоија титулата.