Релаксација со тенис по напорната сезона: Џомба го бодреше Федерер (ФОТО)

По напорната сезона исполнета со клупски и репрезентативни натпревари, ракометарите се релаксираат на различни начини.

Десното крило на ЧСМ Букурешт и на македонската репрезентација, Гоце Георгиевски слободните денови ги користи во Германија и беше присутен на тенискиот турнир во Хале.

Тој го следеше натпреварот меѓу Роже Федерер и Џон Милман, а навиваше за Швајцарецот кој победи со 2:0 во сетови, 7:6 и 6:3.